Вежбајте го мозокот за да ги спречите непосакуваните мисли

0

„Нашата способност да ги контролираме сопствените мисли е од фундаментално значење за нашата благосостојба. Кога овој капацитет се распаѓа, ги предизвикува некои од најпознатите симптоми на психичките заболувања.“ -Проф. Мајкл Андерсон од  Кембрички Универзитет

Што ако постои прекинувач во нашиот мозок кое може да спречи да доживееме непосакувани и негативни мисли? Веројатно тоа би не направило посреќни и нашите животи би биле прекрасни.

Проф. Андерсон заедно со својот тим на Универзитетот во Кембриџ спровеле истражувања кои покажуваат дека можеби навистина постои таков “прекинувач“.

Според него, нашата способност да ги контролираме сопствените мисли е неопходна за нашата физичка и психичка благосостојба.

„Не би биле способни да преживееме без контрола врз нашите дела. Имаме многу рефлекси кои се чесно корисни, но мораме да го контролираме нашето дејствување.“ -вели Андерсон.

Тимот истражувачи се фокусирал на префронталниот кортекс од мозокот кој е задолжен за активностите како што се критично размислување, внимание, решавање проблем, носење одлуки, самосвесност, социјална когниција и меморија. Овој дел од мозокот исто така ги контролира хипокампусот и моторниот кортекс.

Неодамна се покажа дека префронталниот кортекст има клучна улога во спречување на непосакуваните мисли.

Проф. Андерсон и неговиот тим откриле дека материјата во нашиот мозок наречена ГАБА трансмитер, која дозволува пренесување на пораките помеѓу клетките e истата материја што може да ги задржи/спречи непосакуваните мисли.

ГАБА е примарен инхибиторен невротрансмитер во мозокот што ги регулира хормоните како допаминот. Луѓето кои имаат ниска концентрација на ГАБА се помалку способни да ги контролираат активностите кои се регулирани во префронталниот кортекс.

Kaко можете да го вежбате вашиот мозок да спречи појава на непосакувани мисли?
– Со зголемување на ГАБА нивото во мозокот.

Зголемување на нивото на ГАБА трансмитерите можете да го постигнете на следниот начин:

  1. ЈОГА
    Со фокусирањето на сегашниот момент и правилно дишење.
  2. МЕДИТАЦИЈА
    Малку умствена тишина и длабоко дишење влијае врз зголемување на нивото на ГАБА. Доколку сте почетник, почнете со 10-15 минутна медитација.
  3. ВЕЖБАЈТЕ
    Три-четири пати неделно трчање или пешачење би било доволно.
  4. СООДВЕТНА ДИЕТА
    Избегнувајте преработена храна и вештачки сокови. Јадете почесто храна богата сo глутаминска киселина, како што се банана, брокула, овес, спанаќ, компир, цитрусни овошја и кафен ориз.

    При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.