Вежби за учениците за подигнување на свеста за читањето

0

Симулација на вежби за подигнување на свеста за читање кај учениците вчера се одржа во Националната и Унивезитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во рамките на вториот настан од серијата „Денови на светската книжевност“, насловен „Американски класици: поттикнување на матакогницијата преку кратките раскази на Реј Бредбери“.

Симулација за вежби се одржаа за учениците од ОУ. „Св. Кирил и Методиј“ за подигнување на свеста на читањето. Читањето е метакулмитивна вештина, не е пасивна, многу е активна, а децата може да покажат што знаат и да се извлече најкреативното од нив.

Во текот на оваа година НУБ „Св. Климент Охридски“-Скопје континуирано ќе се промовираат и презентираат публикации од македонската тековна и актуелна книжна продукција и од капиталните издавачки прокети, а ќе се организираат и книжевни средби, трибини и придружни манифестации со цел афирмирање и поттикнување на читањето и привлекување читатели од различни генерации.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.