Вежбање за време на бременост: бидете во форма 9 месеци

0

Физичката активност за време на бременоста помага полесно да ги поминете сите 9 месеци.

Трудниците кои вежбаат имаат повеќе енергија, болката во пределот на грбот се намалува, а по породувањето многу полесно се враќаат на нормалната тежина на телото.

За да останете фит не е потребно да вложувате голем напор, вежбите може да ги правите во својот дом сите 9 месеци, а за постигнување на добри резултати се препорачува да ги правите секој ден.

Затегнување на задниот дел од телото
Раширете ги нозете и стојте исправено држејќи ги рацете на задниот дел од стол. Полека почнете да правите „чучњеви“ додека грбот е во исправена положба. Движете ги само нозете горе-доле. Вежбата повторете ја неколку пати.

Бицепси и рамена
Седнете исправено на раб од стол. Во двете раце земете тегчиња од 5-8 кг. Поставете ги рацете под агол од 90 степени, а потоа подигнете ги теговите во висина на рамената и наизменично почнете да ги спуштате – продолжете неколку пати.

Раце
Завземете положба како да сакате да правите склекови. Потпрете се на лактите, а нозете испружете ги зад себе така што телото да формира права линија. Не го наведнувајте грбот и останете во оваа положба со 5 вдишувања и издишувања, потоа направете пауза и повторете.
fitness-27Грб
Ставете го десното колено на столче, а левото стапало на под. Наслонете се нанапред, ставете ја десната рака на седиштето на столчето и држете го левиот тег. Како и во претходната вежба, лактот треба да формира агол од 90 степени, а тегот се движи горе-доле. Потоа променете ја страната.

Зацврстување на бутовите
Легнете на десниот колк, а ракате ставете ја под главата. Десната нога нека биде поставена под агол од 45 степени, додека другата нога е исправена. Полека подигнувајте ја и спуштајте ја левата нога неколку пати. Потоа свртете се на другата страна и повторете.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар