Вештини како да препознаете некој што Ве лаже ?

0

Сигурно некогаш сте се посомневале во разговор со соговорникот, без разлика за која личност и да се рааботи во вашиот живот, дали Ви ја зборува вистината или не и како да ја проверите точноста на информациите. Со овие вештини ќе си овозможите сами во моментот на зборувањето да заклучите дали соговорникот ве лаже.

Правило број1:  соговорникот доколку се обидува да ве излаже ќе го промени своето расположение.

Правило број 2:  избегнување на поглед во очи (почесто гледање на страна).

Правило број 3: во текот на разговорот лицето се прекинува има грешки во говорот и го зголемува движењето на екстремитетите. Но ако лицето е подготвено да Ве лаже, тогаш движењата се намалени, изгледаат вкочането и невообичаено

Правило број 4: соговорникот што лаже се повлекува наназад и најчесто пред него става некој предмет (на пр: чаша ако разговорот се одвива во ресторан).

Правило број 5: почесто допирање на носот, на брадата, чешкање на веѓите.

Правило број 6: даваат повеќе негативни одговори (на пример: наместо „Јас сум искрен“, вели „Јас не лажам“)

Правило број 7: даваат  одговори во прво лице и често употребуваат „Јас“

Правило број 8: одговраат неповрзано со истакнување на нешто небитно и неповрзано со темата на разговорот.

Правило број 9: даваат воопштени одговори кои се препознаваат со употреба на зборовите (никогаш, некаде, никој, секој, секогаш).

Правило број 10: имаат промена на висина на гласот.

Подготви: Бисера Момчиловиќ

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.