Vert Fougère – нов моќен мирис од брендот Floris London

0

Vert Fougère рефлектира две миризливи патувања кои започнаа со парфемите на Floris. Ова е начин за нова интерпретација на Fougere парфемите.

Мирисот е дефиниран со контрастот помеѓу темно зелените ноти и зачадените, кадифени дрвенести мирисни ноти. Горчливо – слатката мешавина од грејпфрут, бергамот и нероли се меша со ѓумбир и лаванда за дополнителна свежина, додека земјените мириси на пачули, кедар и кашмир ја гарантираат долготрајноста.

Кога би требало на модерен начин да се толкуваат Fougère мирисите, тоа би изгледало вака – интригантна мешавина од зелени, ароматични ноти кои откриваат темна самодоверба.

Како би го опишале Vert Fougère? Како свеж, дрвенест, мрачен, индивидуален, различен и долготраен мирис.

Првиот Fougère мирис Fougère Royal е креиран во 1882 година во куќата на Houbigant, како резултат на фантазија на парфимерот Paul Parquet за тоа како треба папратот да мириса.

Мирисите на Fougère се дефинирани со контрастот на свежи и топли ноти и обично содржат бергамот, лаванда, кумарин (мирис сличен на мирисот на свежо косена трева) и дрвенести ноти. Galbanum и нотите на чад се користени за да се задржи класичниот стил на парфеми од Vert Fougère.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот