Versace DYLAN BLUE – за жените кои ја познаваат својата моќ

0

Dylan Blue – парфем преку кој ја искажувам мојата почит кон жените. Затоа создадов силен, сензационален сепак префинет мирис, за жените кои ја познаваат својата моќ.“ – Донатела Версаче.

Уникатност. Сила. Сензуалност и елеганција.

Овошен, цветен и дрвенест…

Dylan Blue, е спој на неодоливи ноти кои танцуваат, предизвикуваат и прегрнуваат.

Уникатноста е искажана преку освежителниот сорбет од црна рибизла и зеленото јаболко кои создаваат необичен овошен спој.

Сила – Современ цветен букет, во кој цвеќињата се трансформираат во необична ледена инфузија на дивите цветови со незаборавна завршница.

Сензуалност и елеганција – Дрвенестите базни ноти разиграно се мешаат заедно за да создадат уникатен еликсир:

– Кора, бели дрва, мошус и пачули сплотени, создаваат волшебно, сензуално и енергично движење.

Дизајнот на шишето

Шишето Versace pour femme Dylan Blue е израз на иновативен дизајн.
Елегантните криви линии означуваат амфора, евоцирајќи ја грчката култура и митологија.
Додека пак, бојата на шишето и пакувањето е интензивна како и Средоземното Море:
-Силна, длабока и мистериозна.

Златните детали и иконата Медуза – мост меѓу минатото и сегашноста, ја разубавува оваа скапоцена содржина.

Овој парфем може да го најдете во парфимериите Anabella ширум Македонија.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.