Веро е долгогодишен партнер на Lyoness во Македонија

0

Веќе некое време, реномираниот ланец на маркети Веро е Cashback Card партнер на најголемата интернационална Куповна Заедница Lyoness. Оваа соработка значи дека Членовите на Lyoness може да ги уживаат сите атрактивни предности при купувањето во сите маркети на Веро во Македонија.

Членовите на Лајонес можат да ја користат својата Cashback Card во сите 11 маркети на Веро во Македонија. Радован Витошевиќ, Главен Извршен Директор на Лајонес Македонија, е многу задоволен од соработката: „Веро нуди голем асортиман на производи, фокусирајќи се на висок квалитет, најдобра услуга и одлични цени. Силни партнери како Веро се од огромно стратешко значење за нашата Куповна Заедница. Тие ни овозможуваат да им понудиме на нашите Членови уште поголем асортиман на производи“.

Како дел од оваа соработка, сопствениците на Lyoness Cashback Card можат да уживаат во ексклузивни предности во сите маркети на Веро: За секое купување тие добиваат 1% Cashback како и 1 Shopping Point.

За Веро

Веќе 20 години, Веро располага со модерни маркети низ цела Македонија. Веро е еден од пионерите во овој сектор и годишно привлекува повеќе од 55.000 лојални купувачи. Компанијата има 11 локации, од кои 7 се лоцирани во Скопје и имаат приближно 1.000 вработени. Веро нуди голем избор на продукти по атрактивни цени. Во склад со мотото на компанијата „Се на едно место“, изборот на продукти се протега од храна преку други производи до играчки.

За Lyoness

Бизнис групацијата Lyoness ги дели своите активности на неколку бизнис полиња. Една од целните групи на Lyoness се потрошувачи кои сакаат да заштедат пари (Cashback и Shopping Points) секаде низ светот преку купување кај Трговските Партнери на Lyoness, со Cashback Card или онлајн. Cashback Solutions допира до сите компании кои сакаат да ја искористат оваа интернационална мулти-секторска лојална програма. Целната група на Lyconet се состои од независни претприемачи кои сакаат да создадат своја Куповна Заедница. Моментално Lyoness е активен во 47 држави на сите континенти. 7 милиони членови уживаат во Lyoness Предностите кај околу 75.000 Трговски Партнери низ светот.

Повеќе на www.lyoness.com

 При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот