Венчавки на невообичаени локации

0

Доколку сакате токму оваа сезона да го кажете вашето судбоносно да, а притоа сте во битка за слободен термин во класичните свадбени сали, ви препорачуваме да се опуштите сосема, затоа што вашата венчвка може да се случи и на некоја невообичаена локација, се разбира, доколку добро ја испланирате.

Венчавките во вили не се секогаш само за најбогатите или најпопуларните. Изнајмете вила во близина на вашиот град. Украсете ја, ставете цвеќиња по скалите, размислете како би ги поставиле масите, каде би биле музичарите. Доколку имате мал број на гости, венчавката направате ја внатре, во некоја убава вила со автентичен ентериер.

venchavki (2)

Венчавка на кров? Ние сме за! Ви звучи премногу авантуристички? Бидете храбри. Венчавките на безбеден кров стануваат тренд во светски рамки. Кетеринг службите ќе си го направат своето, а вие само треба да ставите насмевка и да уживате во глетката.

venchavki (1)

Судбоносното да кажете го додека брановите се галат меѓусебно и сонцето пропаѓа во водата. Украсете ја плажата со декорации, панделки… Венчавката на брод е малку поексклузивна варијанта и се разбира зависи од Вашиот буџет и секако, од бројката на гости кои ја планирате. Венчавка покрај базен, пак, звучи одлично доколку вашата венчавка ја правите во топлите летни месеци. Замислете, латино – музика на вашиот ден  многу коктели, еден куп среќни и насмеани гости. Доколку имате храброст играјте на варијантата да облечете поедноставен фустан, а вашите гости ќе бидат поканети на првата  забава за која нема премногу да се заморуваат за скапи оддела, шминки и фризури.

venchavki (3)

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот