Венчални трендови за 2017

0

Не пропуштајте да дознаете кои се трендовите што ќе ја одбележат сезоната на венчавки која следува…

Нежно розово и бледо сино

venchalni trendovi (4)Експертите за бои ги одбраа овие две нијанси како тонови кои ќе ја одбележат 2017-та година. Сосема очекувано е тие да се најдат и на венчавките. Од пастелно розов невестински фустан или нежно син, до покани во овие бои… Цвеќиња и панделки во овие нијанси па се до салфетките на вашата венчавка, ова се боите кои ќе владеат на венчавките оваа година.

Тантела
venchalni trendovi (2)
Оваа година, еден од трендовите за венчавки ќе биде токму тантелата. Но, за разлика од минатите сезони кога тантелата беше исклучиво снежно бело, трендовите годинава сугерираат тантела во пастелни нијанси… Тантелата годинава нема само да ги одбележи фустаните, туку според организаторите на венчавки ќе се употребува и за декорациите, како замена за чаршафите, вазни за цвеќе обвиени со тантела, торти украсени со тантела.

3D ефекти

 

venchalni trendovi (8)Веројатно ова ќе биде најтехнолошкиот тренд на свадбите. Експертите за венчавки сугерираат оваа година да додадете 3Д ефекти на вашата венчавка, започнувајќи од хартиените покани и салфетки кои би требало да бидат во тродимензионална форма, па се до декорациите на масите.

Панталони, наместо фустан
venchalni trendovi
Модните диктатори веќе си го кажаа своето. Годинава, ќе има и по малку чудни венчални трендови… Наместо кралски фустани, годинава, барем според модните прогнози ќе видиме и многу невести во панталони кои ќе одберат да ја следат модата и комфорот пред традицијата и непишаните правила.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.