Вегетаријански и Вегански рецепти: Вкусно Гвакамоли

0

Од денеска започнуваат Велигденските пости, а ние за вас секојдневно ќе подготвуваме вкусни посни, вегатаријански и вегански рецепти. Сите заедно да уживаме во деновите што следуваат.

Денешниот рецепт се вика Гвакамоли, прочитајте и подгответе…

Состојки:
-3 мали авокада
-3 мали портокали
-2 чаши ротквици, ситно сецкани
-1/5 чаша фино сецкана марула
-1 чаша зелени пиперки ситно сецкани
-3 лажици лимонов сок
-1/5 чашка сецкан магдонос
-морска сол и бибер по вкус

Се сервира на 6 особи
Се подготвува 30 минути

Метод на припремување:
1. Се преполовуваат авокадата. Секоја од половините се сече 7 пати по должина, и 7 пати накрсно. Извадете ја средината со супена лажичка, и ставете ја коцката со авокадо во голем сад. Зачувајте ги школките од авокадото.
2. Излупете ги, исечете ги портокалите со нож, потоа секое парче исечето го на 4 помали. Исечете го секое парче на 6 мали триаголни парчиња. Додадете го портокалот во садот со авокадото. Доадате ги ротквиците, марулата, зелените пиперки, лимоновиот сок и магдоносот во садот. Ставете сол и бибер по желба и нежно измешајте ги.
3. Ставете ја смесата во празните школки од авокадото. Сервирајте веднаш.

Без глутен, погодно за вегани.

Пријатен ручек!

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот