Вегетаријанците се подобри љубовници?

0

Вишок на енергија

Што помалку месо за варење, толку повеќе енергија која може да се искористи на повеќе начини. Варењето на производи од растително потекло е полесно за стомакот, а и побрзо се претвара во хранливи материи без тешко чувство во цревата.

Дефинирани мускули

Силните и дефинирани мускули се пофлексибилни и овозможуваат полесно движење.

Чиста кожа

Кожата која блеска е најдобар показател дека човекот се грижи за своето здравје и хигиена. Храната на просечниот вегетаријанец е богата со витамините А, Ц и антиоксиданси кои ја чистат и ревитализираат.

 Помала можност за ерективна дисфункција

Студиите покажуваат дека 75% од луѓето кои боледуваат од срцеви заболувања воедно имаат и ерективна дисфункција. Вегетаријанскиот начин на живот е поврзан со долговечноста, нискиот холестерол и спречувањето на болестите на срцето.

Попријатен мирис на телото

Студиите на научниците од Универзитетот во Прага во 2006 година покажале дека мажите кои не јадат месо имаат многу попријатен мирис од другите. Тоа се објаснува со фактот што токсините од месото кои поминуваат низ крвотокот го завршуваат своето патување токму на кожните пори. Бактериите кои живеат на кожата се хранат со протеините и маста од животинско потекло за потоа да го испуштат непријатниот мирис.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот