Вечерва затворање на МТФ Скупи Фестивал со претставата „Жозефина“

0
По шест дена исполнети со прекрасна програма, денес, 09.11.2016, МТФ Скупи Фестивал ќе го затвори своето десетто издание со претставата „Жозефина“ на белгискиот физички театар Шаливате.

Користејќи го говорот на телото, актерите во „Жозефина“ раскажуваат приказна за маж и жена чии патишта се вкрстуваат. Изразните средства користени во претставата имаат за цел да го наведат гледачот да биде воден од своите чувства и преку нив да ја одгатне оваа врска од соништата, или врска која веќе е минато, приказна за разделена или идеална двојка.

161101151534761_-zhozefina-1_jos-phinahp2

Од приспомнување до вознемирувачки соништа, од распрскани спомени до опсесивна желба, реалноста и фантазијата се преплетуваат на сцената. Телото и зборот интимно се поврзуваат, меѓусебно си влијаат и се трансформираат. Дијалогот помеѓу телото и зборот, поетски и физички, ја изразува визуелната моќ на текстот.

Повеќе за претставата и за компанијата Шаливате прочитајте на официјалната страница на МТФ Скупи Фестивал: www.skupifestival.org.mk и на страницата на компанијата Шаливате http://www.chaliwate.com/

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар