Вечерва во Домот на АРМ симфонискиот концерт „Островска инспирација“

0

Македонската филхармонија вечерва во Домот на АРМ ќе го одржи симфонискиот концерт „Островска инспирација“. На истиот како солист ќе настапи  јапонска виолинистка Сајака Шоџи.

Повеќенаградуваната уметница и една од најдобрите виолинистки од поновата генерација ќе го изведе концертот за виолина и оркестар по.15 од Бенџамин Бритн, кој ќе ја доживее македонската премиера.

Јапонската виолинистка Сајака Шоџи (1983) е првиот јапонски, но и најмладиот победник (по Ленута Чиулеи) на натпреварот „Паганини“ одржан во Џенова во 1999 година. Во 1997 година таа го прави своето деби на фестивалот Луцерн и во „Музиквереин“ во Виена со диригентот и виолинист Рудолф Баумгартнер, а две години подоцна ќе ја освои наградата „Паганини“. Еден од нејзините поддржувачи е и славниот маестро Зубин Мехта. Шоџи настапува со Берлинската филхармонија, Лондонскиот симфониски оркестар, Филхармонскиот оркестар на Санкт Петербург, Сеулската филхармонија, Симфонискиот оркестар на Келн и др., со диригенти како Лорин Мазел, Јури Темирканов, Семион Бучков, Мјунг-Вун Чунг…

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот