Вечерни ритуали кои ќе ви помогнат да се разбудите убави

0

Која жена не би сакала веднаш штом се пробуди да има совршен тен, свежо лице и да ги нема здодевните, грди и темни подочници…

Но, ретко која жена е таква среќничка и која без мака ќе се пробуди со совршена кожа само поради мајката природа…

Сепак, постојат неколку тајни ритуали кои ќе ви помогнат наутро да се разбудите убави, одморени и со свежа кожа. Ваше е само да ги практикувате секоја вечер, а резултатите се видливи после првиот месец. Сигурни сме дека ќе ви се допаднат.

Исчистете го лицето

Никогаш, ама баш никогаш колку и да сте уморни, не смеете да си легнете со шминка. Откако добро ќе ја исчистите кожата од шминката и ќе го измиете лицето, задолжително ставете хидратантна крема која ќе го нахрани вашето лице.

Внимавајте на состојките во препаратите за нега на лице

Гликолната киселина, ретинолот и црвените морски алги го потпомагаат создавањето на колаген кој е важен за вашата кожа да изгледа младолико, здраво и свежо, па затоа одбирајте производи кои ги содржат овие состојки. Исто така, добро е навечер да користите тоник кој има екстракт од камилица која има антибактериско дејство и ги чисти сите нечистотии кои во текот на денот се собрале на вашето лице.

Спијте на грб

Доколку спиете на страна, без разлика дали на левата или десната, со тек на време на таа страна ќе имате повеќе брчки бидејќи ја „притискате“ кожата кон перницата. Но, доколку спиете на грб не само што ќе ја спречите појавата на брчки туку и ќе ги намалите подочниците.

Употребувајте рицинусово масло

Секој вечер пред легнување, втријте малку рицинусово масло на веѓите и трепките. За неколку месеци ќе имате убави и густи трепки и веѓи.

Воздухот нека биде свеж

Воздухот во вашата спална соба не смее да биде пресув бидејќи така полека ја уништувате вашата кожа. Редовно проветрувајте ја просторијата во која спиете и инвестирајте во квалитетни освежувачи на воздухот.

И секако, важно е да спиете осум часа за идното утро да се разбудите одморени, свежи и убави.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот

Остави коментар