Вечер започнува „Пивофест 2016“

0

Прилеп е подготвен за најголемиот фестивал на доброто пиво и вкусната скара „Пивофест 2016”.

 Градот под Марковите Кули, по 14-ти пат, од 14 до 17 јули, ке биде домаќин на четридневната забава, за која организаторите велат дека ке биде досега најдобрата.

Отворањето на фестивалот е вечер со спектакуларен огномет и настапите на: Crossroad Blues Band, Raphael и Тропико Бенд.

Во петок на фестивалот ќе настапат: Samostalni Referenti, Каролина Гочева, Хари Мата Хари и Bang La Decks.

Саботната фестивалска вечер е резервирана за настапите на: Миле Кузмановски, Рада Манојловиќ и Аца Лукас, додека пак на последниот ден од  „Пивофест 2016“, недела ќе настапат : Александра Радовиќ, Дејан Петровиќ Биг Бенд и Парни Валјак.

Не заборавајте на овогодинешниот Пиво фест да го посетите штандот на Global Event (штанд 9/2) и да уживате во одличните пива од Белгија, Чешка и Германија, пивата Leffe, Konrad, Dab, Radeberger и  Schofferhofer.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар