Вчера се одржа промоцијата за книгата „333 афирмации“ на Катерина Ангеловска

0

Вчера во Центарот за дизајн и иновации „Јавна соба“ со почеток од 19:30 минути се одржа промоцијата на „333 афирмации“, прва книга на авторката Катерина Ангеловска.

„Јавна соба“ беше премала за да ги собере нејзините поддржувачи, пријатели и луѓе кои ја познаваат нејзината работа. Се чекаше ред за да се стигне до книга плус која на секој читател му беше дадена со посебна посвета од авторката.

„Оваа мала збирка од 333 афирмации е за секој што ја прифаќа идејата дека во него лежи моќта за сѐ што сака да создаде. Ако верувате дека можете да го постигнете невозможното, и тоа благодарение на сопствените потенцијали, тогаш верувајте – ве очекуваат магични награди“- вели Ангеловска.

Катерина Ангеловска е тренер за личен развој, мотивациски говорник, а воедно креатор на Успех без граници. Таа е прв сертифициран тренер за принципи за успех по методот на Џек Кенфилд на Балканот.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот