Вчера се одржа премиерата на “Ревизор” во кумановски театар

0

Претставата  “Ревизор” по текст на Николај Васиљевич – Гогољ, а во режија на Андреј Цветановски вчера ја имаше својата премиера во кумановскиот театар “Трајко Прокопиев”. Почетокот беше во 20 часот, траеше 2,5 часа, а на сцената ги видовме актерите Горан Илиќ , Александра Михајловска, Мирослав Петковиќ, Кети Дончевска – Илиќ, Мaрко Трајковиќ, Владо Дојчиновски, Милош Стојковиќ, Никола Наковски, Мартин Манев и Горан Ников.

Меѓу присутните имаше и многу нивни колеги, а беше присутен и театарскиот критичар Борче Грозданов. По завршувањето на претставата откако актерите беа наградени со аплауз, следеше пригоден коктел во фоајето.

Вечерва ќе следи уште една изведба на “Ревизор”, а почетокот е во 20 часот.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот