Важно е како изгледате додека вежбате

0

Генералното мислење е дека не е важно како изгледаме кога вежбаме, може да бидеме облечени во најстарата маица која ја поседуваме, макар имала и дупки. Токму на оваа тема, една нова анкета покажува дека тоа е грешен став. Всушност е многу важно како изгледате додека вежбате од две причини: техничка и лична.

Техничка причина:

Кога вежбате, мора да имате облека која ќе биде памучна и пред се удобна за да не ви попречува во движењето. Ова значи дека мора да имате соодветни патики кои нема да ве стегаат и во кои ногата ќе може да ви дише. Маицата мора да впива пот, а тренерките или шорцевите да бидат исто така од соодветен материјал кој нема да ви се лепи за нозете откако ќе извежбате.

Лична причина:

Уште една работа на која треба да внимавате е каков е визуелниот изглед. Не велиме дека треба да се претерува. Но, нема причина да се претерува овде. Само малку внимание околу стилот кое верувајте нема да ви биде на одмет. Не е тешко во денешно време да се направи некоја едноставна комбинација која ќе изгледа убаво. Знаете дека стилска облека може да ве мотивира уште повеќе во поглед на вежбањето, посебно ако вежбате пред огледало.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот