Вардарци трета година по ред ќе играат четврт финале во лигата на шампиони

0

Вардар по трет пат по ред ќе биде дел од ракометниот шлаг во Европа, откако успеаа многу потешко од очекуваното да ја победи Висла со 25-24 и со тоа да се пласира во чтврт-финалето од лигата на шампионите, каде противник ќе му биде Веспрем.

Во една еуфорична и тензична атмосфера, полна со пресврти, Вардар на крајот успеа да слави, иако на десет минути пред крајот губеше и со три гола разлика.

Почетокот беше добар за Вардар, Штербик беше одличен на голот а во нападот бевме ефективни, а црвениот картон на Роча само беше уште еден плус за Вардарци. Но пољаците играа пожртвувано и не се откажуваа, па така после исклучувањето кое го заработи Карачиќ и после црвениот картон на Абутовиќ, тие успеаа да се одвојат и на полувреме да отидат со 2 гола разлика.

Второто полувреме Висла успеваше во поголемиот дел да ја одржува таа разлика. Но пресвртот полека почна да се случува со одбранетиот пенал на Петар Ангелов, за потоа повторно да има многу возбудувања. При резултат од 24-24 Карачиќ промаши пенал но Дибиров беше тука да погоди и да му донесе водство на Вардар. А во последните мигови на сцена стапи Арпад Штербик и со неколку извонредни интервенции и дефинитивно успеа да ги откаже гостите.

Вредно да се напомене е дека играч на натпреварот беше пикерот на Вардар, Алем Тоскич, кој одигра феноменален натпревар. Имаше реализација 8 од 8, и со право се најде и во идеалниот тим на колото.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот