ВАРДАР Е ШАМПИОН НА ЕВРОПА

0

Откако ја скротија опасната Барселона во полуфиналето, ракометарите на Вардар на неверојатен начин ја крунисаа европската одисеја и го совладаа страшниот ПСЖ 23-22.

Тимот на Вардар одлично го започна натпреварот и имаше предност од 2 голови на првиот дел, а ја зголеми и до максимални 3 голови предност во текот на првиот дел.

Сепак, следуваше мал пад во играта и предност од 1 гол за ПСЖ и така заминаа на полувреме двата тимови.

Вториот дел донесе повторно голема борба, а со тоа повторно подобра игра на Вардар кој успеа да има предност од 3 голови, но следуваше повторно мал пад во играта и повторно изненадување.

Видовме пеколна завршница и на крајот до победата стигна Вардар со 24:23.

Извор: http://supersport.mk

.При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.