„Вања – Со маки сум се родила“ во селекција меѓу најдобрите музички документарци од светот

0

Македонскиот документарен филм посветен на легендарната Вања Лазарова, насловен “ВАЊА – Со маки сум се родила“ е примен во официјалната програма на „Стар Док“ филм фестивалот што ќе се одржи од 25-27 Март 2016 г. во Лос Анџелес.

На овој реномиран фестивал ќе бидат прикажани филмови од цел свет селектирани во 19 категории, а нашиот филм е пласиран во категоријата за “најдобар музички документарец“.
Автор на филмот е нејзиниот долгогодишен менаџер и издавач Иво Јанкоски, режисер е Синиша Ефтимов, а филмот е во продукција Медиа Броудкастинг од Скопје.
Ова е негово четврто претставување на меѓународни филмски фестивали по трите претходни на интернационалните фестивали: All Seas Film Festival, Roma Cinema DOC и London Shows International Film Festival.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.