Ван Гог на 19 ноември во Метрополис Арена

0

Љубителите на добрата музика на 19 ноември во „Метрополис арена“ во Скопје уште еднаш ќе имаат привилегија да уживаат во познатите хитови на бендовите кои веќе неколку децении жарат и палат на просторите од Вардар до Триглав.

Нашата метропола уште еднаш ќе биде домаќин на добро познатиот бенд „Црвена јабука“, легендарниот „Ван Гог“ и незаменливиот бенд „Рибља чорба“.

– Скопје е зависно од добра музика, па токму и поради таа причина се одлучивме да ѝ ги донесеме овие веќе добро познати бендови на македонската публика. Со оглед на нивниот репертоар, ви ветуваме одлична шестчасовна забава во „Метрополис арена“ – велат организаторите на овој музички настан.

Цената на влезниците ќе изнесува симболични 350 денари, а истите ќе може да ги купите на „купикартизасе.ком“.

Овој концерт носи наслов „Скрим мјузик најт“.

Остави коментар