Утрото над нас – Кoста Солев Рацин

0

Утрото над нас

От далечнините модри се веат
на слнцето златните далги,
од далечнините модри се леат
на утринта росните влаги.

Под длги, меки ширини рамни
магла се танка крева
и по селата мали — заспали
шумоли скришно врева.

Шумоли — в срце тага налева
за црноземните робjа,
шумоли скришно за мртви поља
за села и градови — гробjа.

Ех, тиа длги ширини рамни!
Ех, тaja мака пуста!
Мртви и темни сурови гламњи
скршена гранка маслинка!

По тиa пот се човечка дими
и снага крвава цвили,
по тиa радост никого нема
а слнце радосно има!

Но тиa росни утрини пресни
копнат во гради и тлеат.
Копнат и како бура пеат
и како огин палат.

Препис во оригинал како што е издадена во збирката песни „Бели Мугри“.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.