Утре се одбележува големиот празник Илинден

0

Утре е еден од најголемите празници за нашата земја кога Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија ги постави основите на современата македонска држава.
Илинден или ден на Св. Илија е голем македонски национален и православен празник, кој се одбележува на 2 август. Илинден има посебно значење за историјата на македонскиот народ заради тоа што на 2 август започнало Илинденското востание во 1903 година, а во 1944 година е одржано Првото заседание на АСНОМ.

Денес, илинденската традиција е испреплетена со патриотски, фолкорни и религиски симболи, што го прави Илинден еден од најважните празници во Македонија.
Илинденското востание против Отоманската империја организирано од страна на ТМОРО претставува еден од најголемите и најзначајните настани од македонската историја. По подготовките за востание против Отоманската империја, на 2 август 1903 година на православниот верски празник Св. Илија – Илинден започнало Востанието.

Еден од најавтентичните настани за Илинден, кој оваа година се одржува по 39-ти пат, со пристигнување на коњаниците во Крушево, кои на традиционалниот Илинденски марш секоја година тргнуваат од скопско Горно Лисиче на 27 јули, го поминуваат Катланово, велешкото езеро Младост и пристигаат во Велес кај кружниот тек на споменикот на Коњаникот посветен на велешките војводи Илинденци.
Потоа се продолжува за Тетово, Богомила, кон Ропотово, Кривогаштани се до Крушево.
Оваа година ќе се приклучи и Коњаница со 12 учесници од Маврово-Крива Река и 15 учесници на Коњаница од Кичево-Демир Хисар.

Оваа година за прв пат на Илинденскиот марш учесник е единствената девојка Драгана Каловска.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.