Утре почнува Евровизија

0

Оваа година благодарение на Манс Зелмер и неговата песна “Heroes”, Евросонг ќе се одржува во Стокхолм, Шведска. Тоа ја прави оваа земја трет пат домаќин на Евровизија.

Оваа година учествуваат вкупно 41 земја од Европа, листа која е дополнета со претставник од Австралија.

Во првата и втората полуфинална ќе има по 18 земји, од кои 10 ќе се пласираат во полуфиналето, оние кои ќе освојат најмногу гласови од публиката и од жирито.

Вкупно 20 земји ќе се придружат на останатите учесници – Германија, Шпанија, Велика Британија, Итлија и Франција, како и земјата домаќин – Шведска.

Во утрешното полуфинале  ќе настапат Финска, Грција, Молдавија, Хрватска, Холандија, Ерменија, Сан Марино, Русија, Чешка, Купар, Австрија, Унгарија, Естонија, Азербејџан, Црна Гора, Исланд, Босна и Херцеговина и Малта.

Во втората полуфинална вечер ќе настапат Летонија, Полска, Швајцарија, Израел, Белорусија, Србија, Ирска, Македонија, Литванија, Австралија, Словенија, Бугарија, Данска, Украина, Норвешка, Грузија, Албанија,Белгија и Македонија.

Инаку, Калиопи, како што веќе знаете ќе ја претстави нашата земја со песната “Дона”.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот