Утре почнува 5-тиот по ред „Технолошки форум“ во Солун

0

Утре почнува 5-тиот по ред Технолошки форум во Солун, Грција.
Во современото економско опкружување, конкурентноста се потпира на развојот на иновативни производи. Знаењето во комбинација со вистинските технолошки алатки се клучни елементи во процесот на развивање на иновативни производи и услуги. Познавање на таквите алатки постои и во индустриските тела (ΙΤ и други индустрии), како и во истражувачките организации (универзитети и истражувачки центри). Затоа, нивната соработка е важна за развој на иновативни производи со меѓународна перспектива.

Многу важни образовни и иновативни центри од Грција ги здружија силите за го создадат и одржат овој настан под името „Технолошки форум“.

Во рамките на форумот, своја презентација ќе одржи Петар Петровски од Република Македонија, раководител за равој и напредни технологии во „Еликософт“ на тема „Machine Learning in Industrial Internet of Things”.

Петровски ќе зборува за аспектите кои се важни за одредени примери на случаи на употреба како предвидливиот квалитет во производството, предвидливо одржување на машините како и предвидливо планирање во градежништвото, а ќе зборува и за тоа како Машинско учење може успешно да се интегрира во IIoT апликации.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.