Утре почнуваат Денови на македонската музика

0

39-та манифестација Денови на македонската музика (ДММ), која традиционално ја организира Сојузот на композиторите на Македонија (СОКОМ), ќе понуди 11 концерти во 16 дена, почнувајќи од 30 март до 14 април.

33 композиции ќе имаат светска премиера а 14 се дела од македонски композитори. Манифестацијата покрај концерти ќе понуди и предавања и работилници наменети за широката јавност, а влезот за поетителите ќе биде слободен.

На фестивалот ќе настапат и странски изведувачи-германскиот пијанист Штефен Шпаермахер, гудачкиот квартет „Мивос“ од САД, словенечкиот гитарист Нејц Кухар.

За затворањето, концерт ќе одржи Македонската филхармонија, посветен на 80 години од раѓањето на композиторот Александар Џамбазов. Ќе има шест вокални солисти и ќе бидат изведени хитови од фестивали на забавна музика.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.