Уште еден одлично поминат викенд во Snow Patrol Lodge

0

Секоја сезона во Snow Patrol Lodge има своја приказна, луѓе и настани кои остануваат запаметени. Во средина на сезоната 2017та, уште еден одличен настан е зад нас.

По возбудливиот скијачки ден, забавата продолжи на местото познато по добрите журки – Snow Patrol Lodge.

Во саботата, на 28 јануари присутните имаа можност да се забавуваат заедно со Dj Denny Begic, забава која траеше цел ден.

 

Убави луѓе, насмеани лица и одличен помин.

Неделата беше резервирана за убав и опуштен ден, исполнет со скијање прошетки на снегот, ручек под снежната идила на Шапка, ноќевање во зимски амбиент.

Во Snow Patrol Lodge можете да резервирате место и во текот на неделата, да го поминете Вашиот зимски одмор и да скијате на терените на Попова Шапка.

Одлична храна, врвна услуга и гостопримлив персонал кој секогаш ви стои на располагање.

Направате и оваа зима да остане запаметена по убави работи.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот