Успехот на модната дизајнерка Rebecca Minkoff е инспирација за младите и амбициозни жени во светот на бизнисот

0

Rebecca Minkoff е модна дизајнерка и претприемач која својата кариера ја започна во 2001 година со лансирање на своја линија за облека, а минатата година, во септември ја лансираше The Female Founder Collective мрежата со цел да ги охрабри и поддржи жените претприемачи.

Кампањата има за цел ја зголеми свесноста на инвеститорите во однос на жените во светот на бизнисот и да создаде заедница која ќе биде од голема вредност на жените во оваа област, место каде што ќе имаат пристап до информации и совети во секое време.

Таа за својата работа вели: „Има начин да се справите со тоа, но вие мора да бидете лидер кој ќе има сила да го стори тоа“. Токму таа сила и овозможила да донесе тешки одлуки и да стои зад нив во сите моменти на успех и неуспех низ годините.

Фото: Hagop Kalaidjian/BFA/REX/Shutterstock

Успехот на Rebecca е поддржан од нејзиниот брат Uri Minkoff кој и помогна компанијата да биде една меѓу првите кои покажаа активност во светот на социјалните медиуми.

Таа има околу 800 000 следбеници на Instagram и повеќе од 900 000 на Твитер.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот