Успешните жени на Холивуд споделуваат совети за животот

0

Познатиот магазин „The Cut“ подготви серија изјави на 25 успешни и познати жени од Холивуд, за најдобрите совети кои некогаш ги добиле или пак совети кои тие ги упатуваат до читателите.

Нивните совети највеќе зборуваат за самодовербата што треба да ја имаме, улогата во сопстевниот, живот и предизвиците кои сме ги пропуштиле.
Познати глумици, тв водителики и писателки ги споделија највредните совети во нивиот живот.

Ние одбравме 11 од нив кои ги споделуваме со вас…

Лив Тајлер: „ Остварете контакт со очи со личноста со која разговарате. Загледајте се во нивните очи.- Мојата баба ме научи дека ова е многу важно, и навистина така е“.

635878705515246324-AFP-546710246
Џулија Стајлс: „Споредувањето е крадец на среќата“.

Julia-Stiles-head-shot
Минди Калинг: „Мојата мајка секогаш велеше: Потребно е да може да оцениш како прави да се чувствуваш твојот сакан кога не си покрај  него, а не кога си со него.“

mindy-kaling-cover-ftr
Кели Рипа: „ Кога луѓето се обидуваат да ви ја префрлат вина на Вам, тоа повеќе говори за нив отколку за вас“.

la-et-mg-kelly-ripa-blue-hair-20150709
Сузан Сарандон: „ Секогаш може да си простиш на себе или пак да се извиниш за работите кои си ги сторил, но никогаш не може да ги збаоравиш работите кои си посакал да ги сториш, а не си се обидел“.

susan-sarandon
Роси Перез: „Мојата тетка велеше: Толку сум во депресија, но утре е нов ден, ајде да видиме!“.

rosie-perez-wallpaper
Џил Соловеј: „Зборувај! Тоа е револуција за гласот на жената“.

ct-jill-soloway-emmy-20150921
Робин Робертс: „Во сопствениот живот немој да ја играш споредната улога“.

1388543939806.cached
Рене Русо: „Треба да се движите во светот. Треба да погледнете во другата личност и да се запрашате: Што му е потребно нему? Може да помогнете, за подоцна и вие да сте наградени“.

la-et-mg-rene-russo-bipolar-disorder-queen-latifah-jake-gyllenhaal-20141014
Гејл Кинг: „Маја Ангелоу вели: Кога луѓето ви покажуваат кои се, верувајте им првиот пат“.

How-rich-is-Gayle-King
Ава Дувернаи: „Опра еднаш ми рече: Се што ти се случува, не ти се случува на тебе, туку се случува за тебе“.

FevaTV-AvaDuVernay2
Вероника Рут: „Мојата мајка ми велеше: Луѓето не мислат на тебе, колку што ти мислиш на нив“.

veronicaroth
Аиди Брајант: „Само уживајте додека не умрете, друга филозофија нема“.

Aidy-Bryant-ppcorn

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.