Уште еден успешен викенд во „Електра Гарден“

0

Уште еден успешен викенд е зад нас, викенд кој беше исполнет со музика за душа и атмосфера која нема да ја заборавиме. За првпат кај нас, во живо имавме можност да ја слушнеме музиката на најпопуларниот унгарски состав „101 Виолина“. Петмина од овој симфониски оркестар ги забавуваа гостите во петокот вечера во „Електра Гарден“, Брвеница.

Ансамблот, кој е единствен од овој вид, постои повеќе од 30 години и е најпознатиот симфониски оркестар во светот. Од нивните инструменти можевте да ги слушнете нотите на Чајковски, Брамс, Лист, Штраус, Кодали, Сарасате и Хубои.

Гостите кои беа присутни вечерта ја опишаа како незаборавна, посебно во комбинација со квалитетно вино и вкусна храна.

Електра Гарден е место каде сите сетила имаат друга димензија, тука се смеете заради вистинска причина, заради уживање и убаво друштво.

Одлична услуга, љубезен персонал кој одлично си ја познава работата и врвни кулинарски специјалитети кои ќе го задоволат вашиот вкус.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот