Уште еден шампион позитивен на допинг тест

0

ВБА-шампионот во тешка категорија, Лукас Браун бил допингуван кога ја освоил титулата во оваа категорија, изненадувајќи го фаворитот во тој меч-Руслан Чагаев. Тој бил позитивен на сусптанцата кленбутерол.

-Сакам да ги уверам сите фанови, целиот боксерски свет и цела Австралија дека јас не сум корисник на дроги или измамник – изјави Браун.

-Ќе се борам да го моето име. Никогаш не сум слушнал за кленбутерол и не знам зошто се користи. Подоцна сфатив дека се работи за лекарство за намалување на тежината, што за боксер во тешка категорија е смешно – вели Браун.

Кленбутерол е моќно средство за астма, но може да се користи и за намалување на мускулната маса и горење на мастите. Тоа честопати се користи при одгледување крави, посебно во Кина и во Мексико.

Браун стана прв Австралиец кој освои титула во тешка категорија, откако успеа да го шокира целиот свет и да го нокаутира Чагаев. Тој успеа да се врати и од нокдаун во 6-та рунда, и да победи подоцна за да го подобри својот скор на 24-0.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот