Уште еден летен тренд кој ќе го обожаваме

0

Само што трендсетерките го најавија модниот тренд на голи раменици и девојките полудеа по него, сега доаѓа уште еден интересен тренд поврзан токму со рамениците.

Станува збор за фустани и маички кои го откриваат само едното рамо, а другото е прикриено со прерамка или ракав.

Стилот кој минатиот век беше еден од најактуелните, сега се враќа на голема врата. Ова лето задолжително мора да имате маичка или фустан со една прерамка или ракав. Ваквите фустани, направени од памучен материјал се идеални за прошетки низ град, викенд излегувања, пошарените модели за на плажа, а долгите и елегенатни фустани со една прерамка нека бидат ваш избор за свечани настани. Струкираните маички со една прерамка комбинирајте ги со широки здолништа од тул, панталони или искинати фармерки… Широките маички со едно рамо комбинирајте ги со тесни шорцеви или одберете комбинезон со една прерамка за да бидете ептен тренди.

5447 (10) 5447 (11) 5447 (1) 5447 (4) 5447 (3) 5447 (2) 5447 (6) 5447 (7) 5447 (5) 5447 (8) 5447 (9)

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот