Уредување на домот: елеганција во црна боја

0

Црната боја им е омилена на многу луѓе кога станува збор за облеката. Но, малкумина се одлучуваат да ја внесат црната боја во нивните домови, од страв дека просторот ќе изгледа мрачно.

Оваа боја дава елегантниот и луксузен ефект кој ќе направи просторот да изгледа како нов.

Просторијата во која сакате да ја вметнете црната боја, било тоа да се ѕидовите или мебелот, мора да биде добро осветелена, бидејќи поради моќта на црната боја да ги впива светлосните зраци ќе ви биде потребна повеќе светлина, отколку за која било друга боја во домот.

Ако се одлучите сите ѕидови да бидат црни, ве советуваме мебелот и останатите предмети, како завесите, теписите, перничињата да бидат со светли тонови, по можност бели, нежно сиви, во боја на лаванда или лимон, за да го постигнете неопходниот баланс на боите.

Ако решите само еден ѕид да биде во црна боја, тогаш не мора да се грижите дека собата ќе биде затемнета. Во тој случај, игарјте си со боите, црната одговара со сите останати.

Ако сакате да постигнете елеганција во домот со нота на класика, тогаш комбинирајте ги единствено црната и белата за да го постигнете максималниот ефект.

Црната боја ќе го ублажи интензитетот на силните нијанси на бои, како црвена и кралско виолетова, само не ставајте ја во комбинација со кафена боја.

Во каква и комбинација да ја одберете, таа ќе го направи вашиот дом да изгледа луксузно.

63-9 (12) 63-9 (11) 63-9 (10) 63-9 (9) 63-9 (8) 63-9 (1) 63-9 (2) 63-9 (6) 63-9 (5) 63-9 (4) 63-9 (3)

63-9 (7)

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот

Остави коментар