Уредете го домот според хороскопот

0

Без разлика дали веруваме во хороскоп, сите знаеме кој е нашиот хороскопски знак, па дури и подзнак.

Исто така, сигурно бар делумно сте се пронашле во општите карактеристики на својот хороскопски знак. Всушност има одредена вистина во хороскопот и неговите карактеристики.

Доколку се водиме според астрологијата, проверете како би требало да го уредите вашиот дом, врз основа на хороскопскиот знак…

ОВЕН
Енергични сте, импулсивни, храбри и вечни оптимизми. Преку декорацијата на домот покажете го вашиот авантуристички дух и проектирајте го она што сте го виделе во текот на вашите патувања.
Метални и силно црвени детали на антиквети во англиски стил би биле совршени додатоци. Сепак, немојте да мислите само на себе. Сигурно ќе се чувствувате подобро доколку по некој детаљ ве потсети на сите драги личности во вашиот живот, со што и вашиот дом ќе биде потопло и поубаво место. Симпатична рамка со фотографија од некој важен настан, би била полн погодок.

БИК
Силни сте и сигурни во себе, во исто време ја негувате и вашата нежна страна. Многу сте одлучни и не сте љубител на промени, но понекогаш е неопходно да ги направите. Нека тоа бидат промени во вашиот дом.
Декорирајте. Дали ќе ги наредите работите уредно по полици, или ќе ги распостелите уметнички над каминот – одлучете сами. Вие во себе имате вродена префинетост и елеганција, па антикветите се секогаш сјаен начин да ја украсите просторијата во која престојувате. Од друга страна, немојте да дозволите домот да ви биде уреден во премногу женски или премногу машки стил. Направете баланс.
Доколку сте колекционер на порцелан, поставете го во близина на кожна фотелја и бакарна ламба.

 

БЛИЗНАЦИ
Остроумни сте, комуникативни, живи и ја цените својата слобода и можност да се самоизразите. Пронајдете начин како креативниот простор да премине во центар за забава.
Нека собите бидат во топли и живи бои, со нагласок на жолта и тиркизно сина боја. Поставете ги вашите книги и списанија на упадливо место и така нагласете ја својата креативна природа.
Својот немирен дух и желба за забава изразете ја низ детали како што се украсни чаши. Она што не смеете да си го дозволите е натрупан или неуреден дом, затоа потрудете се секој детаљ да има свое место.

РАК
За вас, емотивните и емпатични ракови најважно нешто во животот се семејството и домот. Поради тоа посебно е важно како ќе го уредите, всушност тоа е место каде што сакате да го поминете најголемиот дел од времето.
Оброците се дел од денот кога семејството е секогаш на едно место, па затоа обрнете внимание на декорација на кујната. Таа навистина е душата и срцето на секој дом. Нека биде секогаш чиста и уредна, но ако додате детали како морски школки, интересни тегли со песок во боја ќе ви биде многу попријатно и поубаво во неа. Малку метални детали ќе додадат совршен баланс.

ЛАВ
Самоуверени сте, неодоливи и секогаш во центарот на вниманието. Полни сте со ентузијазам и многу креативни. Знаете како да уживате во луксузот.
Слободно покажете ги своите афинитети и одлучете се за модерни верзии на стилски мебел. Малку холивудски гламур не е на одмет, но внимавајте да бидете умерени.
Украсете ги ѕидовите со впечатливи и необични тапети, без притоа да претерате со премногу декорација. Деталите нека бидат она што ќе привлекува најмногу внимание. Сето тоа во комбинација со бела, беж или сива основа за совршен контраст.

ДЕВИЦА
Практични сте, вредни, нежни и внимателни. Особено обрнувате внимание на детали и ништо не препуштате на случајности. Знаете да бидете вистински перфекционисти.
Идеално за вас е да живеете во опкружување со практични и убави работи. Поради тоа најдете му место на секое ваше рачно изработено парче.
Сепак држете се до она ”помалку е повеќе”. Премногу натрупано никогаш не е добро, па понекогаш доволен е само еден детаљ да даде свежина на просторот.

ВАГА
Се одлукувате со шарм и не поднесувате неправди. Најдобро се чувствувате кога сте опкружени со уметност, музика и убави предмети. Припаѓате на знак кој најмногу од сите обрнува внимание на естетика, па поради тоа и вашиот дом мора да биде уреден на вистински начин.
Едноставно, следете го својот инстикт бидејќи имате вроден начин да балансирате. Ќе знаете која е мерата, а сигурно ќе бидете привлечени од кристални, цветни или други детали кои се убави на око.
Малку добир од Кинески, Јапонски или Тибетски елементи би додале прекрасна топлина на вашиот ладен и премногу современ стил.
Иако сте знак кој ужива да биде во друштво, нека бар еден дел од вашиот дом биде само ваш и прилагоден само на вашиот вкус, за во моментите кога сакате да поминете време сами.

ШКОРПИЈА
Страствени сте, продорни и одлучни. Иако не сакате да покажувате емоции, тие постојат во голема мера под вашиот студен оклоп.
Нека вашиот дом го отслика природниот сензибилитет. Определете се за силни бои, детали во бордо и смели принтови. Необичните теписи одлично би се вклопиле, заедно со нежен допир на метал. Најубаво ќе се чувствувате кога ќе ги викнете пријателите заедно да уживате во интересно декорираниот простор.
Шарените елементи балансирајте ги со бела или беж боја.

СТРЕЛЕЦ
Најголема специфичност за вашиот знак е слободата. Вие сте личност водена од акција, љубопитна и енергична, но и многу великодушна. За вас можеби декорацијата на домот нема поента, бидејќи најмалку време поминувате таму.
Сепак, потребно е да се чувствувате пријатно во вашиот дом. За вас идеално е простор кој ќе биде убав, едноставен и функционален. Не дозволувајте домот да ви биде неуреден, подобро ставете ги расфрланите алишта во ормарот, отколку натрупани на стол.

ЈАРЕЦ
Еден од најсериозните знаци во зодијакот. Ја сакате традицијата и сте професионални и практични. Самоконтролата ви е мошне силна страна. Точно знаете што сакате, па тоа важи и за декорирање на сопствениот дом.
За вас идеални би биле земјени бои и текстури, како бамбус, грозје, темно зелена или кафена боја. Кога тој изглед би го комбинирале со рачно изработени предмети во Индиски или Мексички дух, би добиле прекрасен амбиент.
Сепак, додајте и по некој модерен детаљ кој ќе се вклопи во целосната замисла.

ВОДОЛИЈА
Како големи мислители уживате да им помагате на другите. Знаете да бидете срамежливи и мирни или енергични и ексцентрични. Како и да е, сакате да биде по ваше без разлика на туѓите мислења, што веројатно важи и при декорирање на домот.
Искористете се што ви се допаѓа и покажете ја својата индивидуалност. Вашиот дом нека биде светол, со што повеќе природна светлина, бели ѕидови и многу прозори. Сета таа белина и свежина може да биде ладна, па затоа стоплете ја со жолта, портокалова или виолетова боја на впечатливи перници или теписи.

РИБА
Емотивни сте до коска и се одликувате со голема емпатија. Како непоправливи романтичари со силно изразена интуиција, во домот сакате да ви зрачи со топлина и љубов.
За вас е идеален бохо стил кој е романтичен сам по себе. Насочете се кон текстури и бои, но не заборавајте да купите парче мебел кој крие своја лична приказна. Освен што би било убаво и уникатно, гостите ќе уживаат да чујат историјата.
Направете баланс помеѓу убавината на минатото и единственоста на сегашноста.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот