Употребете го јажето за декорирање на домот

0

Убавите и слатки детали во домот се потребни за тој да е уреден со стил и да изгледа интересно, но тоа не значи дека тие треба да бидат прескапи.

Секогаш е добредојдено да ја употребите вашата имагинација, да го разбудите креативецот во себе и самите да си направите уникатни детали во домот.

Денеска, ви нудиме нова доза на инспирација и ве советуваме како обичното јаже може да го употребите за декорирање на домот.

За изработка на следниве слатки предмети, потребно ви е јаже (убаво би било и доколу може да најдете јаже во боја или го обоите со автомобилски спреј) и пиштолче со силикон.

Подметачи за чаши

Подебел картон исечете го во кружна форма и обложете го со јажето. За шест подметачи би ви биле потребни околу 3 метра долго јаже.

770451 (1)

Уникатен лустер

На основна метална конструкција за лустер или столна ламба намотајте го јажето. На почетокот и на крајот залепете со силикон. Voila, имате шик лустер. 770451 (2)

Украсни чашки за моливи

Обичните конзерви и тегли кои ви остануваат во кујната, украсете ги со јаже.770451 (3)

Од стари автомобилски гуми и јажиња може да си направите штосни табуретки за во вашиот двор. 770451 (4)

Пластичната корпа за постелнина ќе биде навистина уникатна ако ја обложите со јаже. Најдете јаже во боја и лепете ред по ред. 770451 (5) 770451 (6) Јажето може да биде и држач за интересни полици во вашиот дом.
770451 (8)

Најдобрата употреба на јажето е за лежалка во вашиот двор. Кога ја плетите мрежата, важно е да употребувате цврсто јаже и да правите силни јазли.
770451 (10)

Вашите саксии ќе бидат поинтересни доколку ги обложите со јаже во боја. 770451 (11)

Најдете стара пластична корпа со капак. На неа, редоследно со помош на силикон прицврстувајте го јажето и ќе добиете украсна масичка во вашата дневна соба. 770451 (12)

И се разбира, јажето е секогаш добредојдено за да им направите крлешка на вашите деца. 770451 (13)

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар