Корисна употреба на прочитаните списанија и весници

0

На полицата од клуб-масичката, на комодата, низ фиоките сигурно имате по некој весник или списание кое сте го препрочитале, ви собира прашина и освен да го фрлите, не би знаеле што друго да направите со него. Но, прочитаните списанија и весници можат да имаат неколку интересни примени.

Неколку идеи за креативна употреба на старите весници и списанија

На долниот дел од фрижидерот, залепете неколку листови од весник. Тие постепено ќе ја впиваат непријатната миризба која ќе се создава од одредени овошја и зеленчуци, месо, кромид и лук.

Виткање на подароци

Пакувањето на подарок во листови од весници и списанија може да биде навистина забавно и необично. Подарокот ќе изгледа примамливо и интересно. Подароците виткајте ги на истиот принцип како да ги виткате со украсна хартија и не заборавајте да им направите пандела од украсна трака.

upotreba-na-vesnici

Чисти и уредни фиоки

Исечете ги насловните страници од списанијата, односно хартијата која е сјајна и залепете ги на долниот дел од внатрешноста на фиоките. Така ќе го зашитите дрвото од мастилото од пенкала, моливи, остри предмети и други работи кои може да го оштетат.

Заштита на книгите

Книгите чии корици сакате да ги зачувајте завиткајте ги со листови од весник. Вашите книги ќе изгледаат ептен фенси на полицата за книга и ќе бидат заштитени од прашина.

Суви чизми

Ова е супер начин за користење на старите весници. Ако вашите чизми се измокрени од дожд и не можат да се исушат за брзо време, стуткајте неколку листови од весниците и ставете ги во внатрешноста на чизмите. Хартијата веднаш ќе ја впие влагата.

Зрели домати

Ова е одличен и практичен начин како да ги употребите старите весници. Ако сте купиле домати кои се недозреани (не зелени, туку бледо црвени) само завиткајте ги во една хартија од весник и оставете ги два до три дена. Кога ќе ја одвиткате хартијата, тие ќе бидат зрели и сочни.

upotreba-na-vesnici (2)

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот