Уникатни полици за вашиот дом

0

Сакате да го „разиграте“ домот? Да смените некоја ситница заради која ќе изгледа поинаку и поубаво? Ви предлагаме да ставите полици… Еве како.

Полици триаголнициtriangle-wimsydarling

Можете да ги изработите самите од дрво, да ги бојосате/излакирате и да ги закачите на ѕидот во дневната соба. Поставете ги по желба, не мора да постои посебен ред.

Закачени на јажеrope-burkatron

Во обична штица издупчете дупки и протнете дебело, морнарско јаже, а потоа закачете ја новата полица на ѕид.

Палетиpallets-hiconsumption

Исечете ја палетата на посебни парчиња и секое парче закачете го на ѕидот како посебна полица.

Полица за цвеќеgallery-flower-withlovely

На штица издупчете дупки за да може да го ставите цвеќето. Потоа фиксирајте капаци од тегли на истото место, и voila, совршен украс за вашата соба.

Полица од старо дрвоdriftwood-lottsandlots

Внесете рустичен изглед во просторијата така што ќе изработите полица од старо парче дрво.

Аголни полициcorner-abeautifulmess

Пополнете ги аглите на просторијата со вакви, преубави полици. Потоа ставете ги саксиите со цвеќе, книгите, омилените слики.

Полици со ремениbelt-athomeinlove

Фиксирајте ги полиците со стари ремени што веќе не ви требаат. Интересна идеја, нели?

Подлога од бакарcopper-pipe-ajoyfulriot

Искористете стари бакарни цевки како основа за да ги фиксирате полиците на ѕидот. Поинакво и впечатливо.

 

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.