Уникатни плодови на дрво- сите ќе ги посакате во својот двор

0

Сем Ван Акен започна интересен уметнички проект кој даде род на неверојатни плодови…
Уметникот од Сиракуза, Америка, Сем Ван Акен успеа да одгледа дрво на кое растат 40 врсти на плодови како: кајсија, слива, крушка, бадеми и портокали. Ова неверојатно чудо на природата воодушевува со своите бои- нијанси на розева, бела портокалова итн.
„Идејата настана бидејќи јас бев импресиониран од калемење“- вели Сем.

Тој патувал низ Америка за да собере различни плодови за да создаде овошна колекција, односно експеримент од 40 плодови на едно дрво.
drvo-40-vrsta-voca-2Многумина го прашувале зошто сакал да има вакво дрво, бидејќи за истото е потребно многу внимание, љубов и грижа.
Сепак тој на ова гледал како на уметнички проект. Неговата почетна замисла било вакво дрво да засади на различни јавни места за кај луѓето да поттикне заинтригираност за плодовите и нивните бои.

drvo-40-vocki1„Секој плод созрева во различен период од година, така да понекогаш половина дрво е голо, додека другата половина изгледа живо со многу бои.
Поради тоа се обидов да направам комбинација од различни врсти на овошје кои ќе созреваат во исто време“ вели Сем.
Погледнете како тоа изгледа во следното видео…

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар