Уникатна моминска вечер во стилот на “Friends”

0

Традицијата кај нас налага пред да се омажи девојката, два дена пред свадбата да се меси погача, да се направат некои адети кои останале од минатото. И да, оваа традиција во најголем дел се почитува. Но, низ годините заради влијанието од надвор, успеавме да ја надополниве со некои нови сегменти како моминската вечер, која мајчесто ја организира старосватицата односно најдобрата пријателка.

Доколку некој од вас, во моментов е во позиција на идна невеста или старосватицата сигурно ќе ви се допадне следниов пример за тоа како може да се организира една моминска вечер, а да биде уникатна.

Младиот пар, Сана и Тауфук се огромни фанови на серијата “Friends”. Често тие двајца ја гледале за релаксација, знаејќи ги сите реплики и “френдс” моменти напамет.

Сана, која е идна невеста им кажала на своите пријателки дека би сакала да има различна вечер која ќе ја помине со пријателките, да биде во стилот на серијата. Меѓутоа, целата идеја и се видела како невозможна така што се откажала. Но, нејзините пријателки не се откажале и и ја приредиле вечерта која ја посакала.

Погледнете како се изгледало:

mominska-friends (1)mominska-friends (6)mominska-friends (3)mominska-friends (7)mominska-friends (2)mominska-friends (4)

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот