Уметност од мраз – Иглу Дорф во Цермат

0

Спроти врвот Матерхорн, веднаш над гратчето Цермат во Швајцарија, на 2727 метри надморска височина се наоѓа малиот игло хотел Иглу Дорф.

Замислете си оваа зима едно утро да се разбудите во игло и првата работа што ќе ја видите пред вашите очи да биде планината што беше инспирација за „Тоблероне“… Глетката е неверојатна.

Иглу Дорф е вистинско мало игло село. Од снег се изградени 30тина игло кучички, сите различни, сите уникатни. Тие се реконструираат секоја година заради топењето на снегот, а потоа се уредува и нивната внатрешност.

Секое игло се гради рачно, а за да се изработи едно од нив, потребни се 3000 работни часа.

Сепак, некои работи секогаш остануваат исти, а тоа е начинот на кој се поделени игло куќарките – постојат стандардни игла, романтични игло куќарки, љубовно гнездо (кое е наменето за младенците кои доаѓаат таму на меден месец) и игло апартман кој има и приватно џакузи. Освен можноста да се изнајми цело игло, постои опција да се отседне и во соба, која е дел од големиот игло хотел.

Секоја просторија, ресторан, бар, трпезарија на ова место се украсени рачно со фигурни направени од снег или фигури издлабени во снег во самата внатрешност.

Во текот на денот за посетителите се нуди фонду закуска, направена од најфиното швајцарско сирење, а навечер има отворен бар во кој се служат студени пијалаци, вкусни коктели и многу, многу пиво.

Цените за една вечер варираат, но најниската е 180 евра, што не е воопшто малку. Но, собите се резервираат неколку месеци однапред, бидејќи побарувачката е огромна.

Посетата на Иглу Дорф е искуство што се доживува најверојатно само еднаш во животот.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот