Уметност на живеење: Вегетаријански и Вегански рецепти

0

Денес за вас имаме спремено нов интересен рецепт за кајгана од проќељ, кој ќе им се допадне на сите љубители на ваквата храна.

Состојки:
-250 грама проќељ, исецкан на четвртинки
-1/2 лажичка сол
-50 милилитри масло
-100 грама кромид, излупен и фино исецкан
-1/2 лажичка паста од ѓумбир
-1 лажичка паста од лук
-1/2 лажичка прав од куркума
-2 лажички прав од црвено чили
-1/2 чаша свежо доматно пире
-1/2 лажичка сол
-1 супена лажица листови од коријандер

Начин на подготовка:

Ставете две чаши вода во тава и ставете ја на средна температура. Додадете го проќељот и 1/2 лажичка сол. Намалете ја јачината на ринглата, покријте и продолжете да готвите додека не стане смесата мека.
Загрејте го маслото, а кога ќе биде добро загреано додадете го кромидот и мешајте неколку минути. Потоа додадете ги ѓумбирот, лукот, куркумата и чилито. Мешајте и додате го доматното пире и 1/2 лажичка сол.
Мешајте додека не добиете убава и еднолична смеса.
Сервирајте и гарнирајте со листовите од кориандер.

Пријатен апетит.

 

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот