Уметност на живеење: Вегетаријански и Вегански рецепти

0

Денес на менито за љубителите на вегетаријанска и веганска храна, имаме еден вкусен сендвич кој ќе го подготвите брзо и едноставно.

Состојки:
-2 авокада, пресечени на половина и тенко исечени
-1/3 чаша домати сушени на сонце
-2 супени лажици сецкани црвени пиперки
-2 чаши млад спанаќ
-4 чабата пецива, поделени на половина
-спреј за готвење

Се сервира на 4 личности

Потребно време за подготовка-30 минути.

Начин на подготовка:
Во секое од пецивата се ставаат тенки парчиња авокадо, домат, пиперка и 1/2 чаша спанаќ и се прска пецивото со спреј за готвење.
Во тава ставете спреј за готвење и загрејте ја на средна јачина. Ставете ги сендвичите во тавата. Ставете на нив тежина на едната страна додека се печат. Потоа превртете го сендвичот и повторете ја постапката.

Сервирајте. Пријатен апетит.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот