Уметност на ѕид – како да го уредите дневниот простор со малку пари

0

Секој од нас сака да живее во простор кој ќе го отсликува неговиот карактер. Факт  е дека многу од декоративните моменти бараат поголемо финансиско вложување за да може точно да се изрази вкусот  на сопственикот. Но, кога креативноста стапува на сцена, во тој случај буџетот не мора да трпи дополнително оптоварување.

Добро е кога човек има опција, како во следните неколку примери кои ви ги презентираме:

Како да го уредите дневниот простор, а притоа да не потрошите многу пари?

Декорирајте еден ѕид од собата и веднаш ќе се смени целиот амбиент.

Дајте и живот на собата на овој начин, наместо досадните бели ѕидови и стерилни фотографии кои ретко кој ги забележува, направете уникатни рачно изработени слики. Тука можете да се ослободите комплетно и да и дадете простор на фантазијата.

Дури можете и да цртате по ѕидови. Ако не сте вие надарени за уметност, не значи дека треба да го ангажирате наследникот на Пикасо, туку некој кој точно ќе го долови тоа што го сакате.

Погледнете ја галеријата во продолжение и можеби ќе добиете идеја плус:

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.