Уметник кој патува низ светот за да фотографира прозорци

0

Прозорците се многу важен елемент од секој дом, неважно дали се работи за стан или куќа.
Тие претставуваат и непресушен извор на инспирација за Andre Vicente Goncavles, која успеал да ја преточи во фотографии кои ги направил низ целиот свет.

Моменталната адреса на живеење на овој фотограф е во Лисабон, Тој во последно време успева да привлече огромно внимание преку своите фотографии, на кои главните актери се прозорците на зградите и куќите насекаде низ светот.

После неговата последна изложба насловена “Windows of the World“, тој ја открива својата опседнатост со прозорците, кои ги фотографил на своите многубројни патувања.
Секоја земја има свои обичаи, секоја зграда има своја архитектура, и секој прозор раскажува некаква приказна, а својата фасцинација од прозорците ја открил многу одамна. Откако собрал доволно фотографии, ги групирал и успеал да направи интересни колажи, како би успеал чисто и јасно да ја долови атмосферата во градовите.

Структурните карактеристики, различните палети на бои и користени материјали, верно ја доловуваат заедничката култура на секое место, и се прав мелем за очи.

Тој заклучил дека прозорците некогаш биле само неопходна дупка во ѕидот, а денес се одраз на традиција, естетика, култура на сите градби.
Романија, Шпанија, Португалија, Италија, Англија….се само дел од местата кои ги посетил и чии прозорци се овековечени преку неговиот фотоапарат.

Дури и оние кои можеби не се љубители на ваков вид на уметност, сигурно нема да останат рамнодушни пред овие прекрасни фотографии, кои можеби само на момент но ќе успеат да ве однесат на некое друго место.

барселона

Барселона

лисабон

Лисабон

лондон

Лондон

венеција

Венеција

романија

Букурешт

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.