Уметничкото лизгање – најграциозниот зимски спорт

0

Уметничкото лизгање е зимски спорт кој може да се практикува поединечно, во двојка или групно, со лизгање на мраз, дополнето со убава музика, во текот на која се изведуваат различни чекори, вртења и скокови. Во светски рамки, официјална организација на овој спорт е Меѓународната лизгачка организација која е основана 1892 година во Лозана.

Се верува дека лизгањето на мраз постои од многу одамна, а доказ за тоа се археолошките наоди на коски за кои се верува дека служеле како лизгалки. Првите пишани докази за уметничкото лизгање потекнуваат од 1134 година, во книга на Вилијам Фицстивен, свештеник од Кентербери. Тој го опишувал лизгањето како забава за децата кои околу своите зглобови обувале коски и носеле палки, со помош на кои како птици полетувале по мразот.

2220fd27803abdb24fa75e33d27ec4b6

Денес, уметничкото лизгање е популарен спорт кој го практикуваат и возрасните, особено што е и еден од спортовите што се вклучени на Зимските олимписки игри – со својата елеганција натпреварувачите ја привлекуваат публиката.

За овој спорт е неопходна добра физичка и психолошка подготвеност, исто како и кај гимнастичарите. Исто како и хокејот на мраз, уметничкото лизгање е најпопуларно во оние региони, каде што мразот е природна појава.

Денес уметничкото лизгање е поделено на поединечно лизгање за мажи и за жени, лизгање во двојки, лизгање во спортски двојки, лизгање во танцови двојки и синхронизирано лизгање.

figureskating_jpeg_layersturnedon__1484061745_79-125-250-78

Зависно од типот на натпреварување постојат задолжителни фигури кога лизгачите ги користат своите лизгалки за да цртаат кругови, фигури во форма на бројот 8 и други слични слики на мразот. Овие цртежи се оценуваат од страна на судиите за нивната точност и јасност, а се оценуваат и движењата при нивното цртање. Важни се и лизгачките вештини, кога се изведуваат движења кои го покажуват стилот на слободното лизгање, наместо да се цртаат различни форми на мразот.

Но, за каков тип на уметничко лизгање и да се работи, самиот спорт е вистински празник за очите.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот