Уметниците го украсија ГТЦ со своите креации

0

Дваесетина уметници со своите дела го украсија ГТЦ и ја создадоа првата отворена галерија на урбана уметност во сутеренот на ГТЦ, кај автобуската постојка. Отворањето на оваа урбана галерија се одржа на 17-ти јуни, кога јавноста ги виде креациите на уметниците.

Иницијатор на овој настан е архитектот и уметник Филип Конески, а организатори се Младинскиот културен центар, Град Скопје и Градски трговски центар – Скопје.

Проектот е дел од програмата CreArt (Network of Cities for Artistic Creation), а во него земаа учество дваесетина локални уметници предходно одбрани на  отворен конкурс, меѓу кои Антонио Илиевски, Блаже Атанасков, Давор Кешкец, Драган Китановски – Драш, Ермал Мусовиќ, Васил Димовски – Страјк, Цветан Неделковски, Ирина Цоневска, Иван Петрушевски – Флим Марјан Димиќ, Миро Грчев, Младен Трендевски, Сали Ертунч, Сања Симоска, Селмир Алими – Есием, Зоки Мише – Шума, Трајче Павлов, Владимир Милиќ, Воскресија Андреевска.

Извор: sreka.mk

Фото:МКЦ