УМЕРЕНОСТ

0

Ангел со сина коса префрла течност од еден сад во друг. Умереноста се поврзува со хороскопскиот знак водолија и со богот на реката Нил. Пресипувајќи ја течноста од синиот во црвениот бокал, оваа карта е од најважно значење при отворањето на Тарот картите, бидејќи се поврзува со настаните што треба да следуваат. Како и во секоја конфликтна ситуација, првиот чекор кон решение на проблемот е пронаоѓање посредник. Некој чија мудрост може да ги обедини двете страни. Тука, ангелот на умереноста, кој што ги држи двата бокала е токму тој посредник. На оваа слика нема ниту едно човечко суштество што укажува дека оваа карта го претставува она што се случува во несвесното битие на нашиот јунак. Во картата Ѓавол, која што следи, ќе се соочиме со најтаинствениот и најмрачниот од сите, со принцот Луцифер. Паднатиот ангел. Нему не може да му се верува, но на ангелот на Умереноста, можеме со сигурност да му веруваме бидејќи тој на своето чело има цвет со пет ливчиња, сместена на местото на третото око. Симболот на вистината и врската со несвесното. Но, со нашиот добаср ангел останавме доволно долго, време е да му погледнеме во очи на Ѓаволот. А, тој нѐ чека на следната карта.

Порака: Симболиката на водата и на месечината традиционално се поврзуваат со емоциите. Ликот на Умереноста повикува на контрола на емоциите. Веројатно луѓето ве почитуваат многу повеќе отколку што мислите. Можеби се подготвувате да разбудите некаква емоционална врска. Ако е така, оваа карта е мошне позитивна.

Подготови: Др. Тарот

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.