Умберто Еко: „Ако немам што да кажам, не пишувам“

0

Умберто Еко е познат филозоф кој стекна светска слава со неговиот мистериозен роман „Името на розата“ и стана еден од најпродаваните писатели на сите времиња. Напишан во 1980 година, романот е преведен на повеќе од 40 јазици. Како академски научник, тој ја истражуваше врската меѓу фантазијата и реалноста и тоа го внесуваше во неговите фиктивни романи.

Меѓу другите негови најпознати романи се: „Фукоовото нишало“ (1988) за изгубеното богатство на секта наречена Витешки темплар, „Островот на претходниот ден“(1994), „Баудолино“ (2000) и „Прашките гробишта“ (2010), роман за подемот на модерниот антисемитизам. Во неговите книги тој запиша многу мудрости и животни вистини кои би требало да ги прочитате.

„Туѓата глупост никогаш не ја намалува твојата.“

„Книгите се пишуваат не за да веруваш во нив, туку да размислиш за нив.“

„Лудите и децата секогаш ја зборуваат вистината.“

„Колку мирен би бил животот без љубов! Колку безбеден и колку досаден!“

„Секаде барав мир, но никаде не го пронајдов, освен во еден агол со книга.“

„Луѓето цела недела чекаат да дојде петок, цела година, да дојде лето и цел живот да бидат среќни.“

„Активноста на писателот се состои во тоа да ’создава’ свој читател.“

„Секој факт станува важен кога е поврзан со друг.“

„Како што вели стара поговорка: перото го држат три прста, но работи цело тело. И боли.“

„Луѓето се уморни од едноставни работи. Тие сакаат предизвик.“

„Ако не тренираш меморија, стануваш идиот; ако ја збогатуваш, ќе живееш илјади животи.“

„Вистинскиот лик е секогаш еден херој по грешка.“

„Понекогаш е доволно да произнесеш неколку бесмислени зборови, за да влезеш во историјата.“

„Ако немам што да кажам, не пишувам.“

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

 

Остави коментар