Улогата на таткото во семејството денес

0

Вчера во САД беше прославен Денот на таткото (Father’s Day). Американските медиуми потсетуваат дека е можеби време да се даде поголема заслуга на татковците, не само кај нив, туку ширум светот, за нивната улога и посветност кон семејството.

Според едно истражување направено неодамна од Pew Research Center, САД, таткото има многу поголема улога за разлика од порано.

Традицоналното американско семејство се менува низ годините и тоа во позитивна насока. Денес, татковците се инволвирани во секоја сфера од животот на децата. Не се задолжени само за носење пари во домот.

Повеќе време со децата

Тие поминуваат повеќе време со децата, но сепак велат дека не е доволно. 46% од татковците во истражувањето, велат дека поминуваат многу повеќе време за разлика од времето кое го поминувале нивните татковци кога тие биле деца. Тоа значи дека за само една генерација родители, пристапот е драстично променет. 48 % пак, тврдат дека времето кое им останува од денот не е доволно за нив и децата, сакаат многу повеќе.

Баланс помеѓу работата и приватниот живот

Многу од нив се загрижени за тоа дали доволно добро балансираат и како да го подобрат резултатот. 52% од испитаниците рекле дека „жонглираат“ со обврските дома и на работа, а 29% чувствуваат константен притисок заради трката да успеат во се. Само за споредба, во 1977 година, сами 35% од татквоците кажале дека имаат проблем да балансираат со обврски дома и на работа, останатите биле фокусирани само на работата.

Не се единствените со плата во семејството

Околу две третини од американските домаќинства денес се со две примања во текот на месецот. Во 1970 година, бројот бил понизок за 25% од денес. Со две примања, семејствата можат да имаат поголема животна удобност во растење на децата.

Татко кој седи дома

Денес, татковците немаат проблем да бидат дома и да бидат примарниот родител во процесот на растење на детето, нешто кое во минатото било непоимливо. Во 2012 година, 7% американските татковци (или околу 2 милиони) биле во оваа улога. Иако е мал процент во однос на целото население, сепак помага да се победи стигмата на таа тема.

Централна улога во животот на децата

Без разлика дали се дома или работат, татковците нивната улога како родител ја сфаќаат многу сериозно и воспитувањето на децата е на прво место. Околу 57% од нив велат да се биде родител е екстремно важна работа за нивниот идентитет, додека 54% велат дека најголемото достигнување во животот се нивните деца.